Навивачите на ПСЖ разочарани: По Нејмар, од Париз си заминува и Мбапе!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо кажа дека Килијан Мбапе е приоритет на францускиот клуб.

Во текот на летото се шпекулираше за иднината на младиот фудбалер. Често се споменуваше дека би можел да се пресели во Реал Мадрид, иако во Париз тврдеа дека нема да го продадат.

„Нема сомнеж во тоа дека Килијан е важен за тимот. Секогаш е расположен, навивачите го сакаат. Важно е да се има таков фудбалер во тимот. Млад е, среќен и секогаш насмеан. Сепак, не можам да ветам дека ќе остане. Прва причина е што не носам само јас одлуки во клубот. Вториот е тоа што не сакам да давам ветувања за кои не сум сигурен дека можам да ги исполнам“, вели Леонардо.