Навивачите на Реал Мадрид го нападнаа дебитантот за промашената шанса против Барселона (Видео)


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Виктор Муњоз, млад напаѓач на Реал Мадрид, ја имаше можноста да се истакне и стане јунак на својот тим. Но, клучниот момент за него се покажа како момент на недостиг на среќа и концентрација.

Во 89. минута од натпреварот, се најде во совршена позиција – сам пред голманот Шчесни. Меѓутоа, шансата остана неискористена.

Во најлош можен момент, неискусноста на Муњоз дојде до израз. Испрати удар кој топката ја прати крај голот, со што ја лиши Реал од можноста да заработи барем еден бод. Токму тој бод ќе ја одржеше екипата во борбата за шампионската титула.

После промашувањето, фудбалерот беше мета на многу критики и навреди на социјалните мрежи, што го принуди да ги исклучи коментарите на своите профили.

Фото: Принтскрин