Навивачите на Реал Мадрид имаа брутални пораки за Мбапе (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските навивачи пристигнаа во Париз за да го гледаат Реал Мадрид во финалето против Ливерпул, а дел од нив имаа пораки за францускиот напаѓач Килијан Мбапе од ПСЖ.

Сите очекуваа Мбапе да потпише за „кралевите“, но тој се премисли и остана во ПСЖ со кој потпиша договор на уште три години.

Дел од навивачите имаа провокативни пораки за Мбапе, па така еден навивач испринта среден прст на дресот, додека другите му порачаа на Французинот дека нема ниту една титула во Лига на шампиони.