Навивачите на Реал Мадрид му објаснија на ПСЖ кој е главен во Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид вечерва игра против ПСЖ во реваншот на осминафиналето на Лига на шампиони (ЛШ), а парижаните од првиот дуел бранат предност од 1-0.

Познато е дека стадионот на Реал се реновира речиси две години, но во клубот најдоа начин како да го прошират капацитетот што е можно повеќе, па ќе има голема поддршка.

Двата тима вчера имаа тренинг на стадионот, а навивачите на Реал се погрижија да испратат јасна порака до ѕвездите од Париз преку транспарент, кој ги пречека на трибините зад голот.

„Ние сме кралеви на Европа“, порачаа навивачите на шпанскиот гигант со надеж дека ќе го елиминираат францускиот вице-првак од ЛШ.