Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа го совладаа Еибар со 3:1 во натпревар од 28-то коло на Ла Лига.
После тримесечна пауза, кралскиот клуб конечно го одигра мечот и ја продолжи сезоната со победа. Реал реши сè во првото полувреме кога головите ги постигнаа Крос, Рамос и Марсело.
Но, она што ги израдува фановите особено беше фактот што Еден Азар се врати на теренот.
Белгиецот беше повреден скоро половина година, но успешно се опорави и вчера играше еден час. Но, она што многумина го забележаа е дека Азар веќе нема проблем со прекумерна тежина.
Азар тренираше напорно за време на карантинот и скоро е „преполовен“.