Навивачите на Редсите: Клоп, Грујиќ заслужува место во првите 11


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул вчера во второто коло од Премиер лигата се поразени од екипата на Барнли со резултат 2:0.

Свое деби на овој меч, имаше и српскиот фудбалер Марко Грујиќ, кој според мислењата на навивачите на Редсите остави и повеќе отколку добар впечаток. После мечот, навивачите испратија јасна порака до стратегот Јирген Клоп:

„Овој човек заслужува да игра во првите 11. Тоа е што на Ливерпул треба“, гласеше пораката од навивачите на Ливерпул до германскиот стручнак.

Дали Клоп ќе ги ислуша барањата на навивачите, ќе видиме во наредното коло.