Навивачите на Рома го бранат Мурињо: Ти беше единствениот што нè бранеше!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Жозе Мурињо доби отказ од Рома по лошите резултати, но навивачите на Рома тагуваат по португалскиот стратег.

Навивачите на Рома за време на натпреварот против Верона истакнаа неколку транспаренти посветени на Мурињо.

„Единствениот што нè бранеше и последен кој се предаде. Ти благодариме Жозе, ретко кој нè претставуваше на начин како тебе“, пишуваше на транспарентите.

Мурињо заедно со Рома ја освои Конференциската лига.