Навивачите на Сити се налутија: Зошто служи ВАР? Пеналот требаше да биде повторен!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Тотенхем синоќа славеше со 1-0 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони, а постои големо незадоволство кај навивачите на Манчестер сити поради една ситуација.

Контроверзен момент се случи во 13. минута, кога Серхио Агуеро шутираше пенал, но неговиот удар го одбрани голманот Уго Лорис.

Сепак, навивачите на „граѓаните“ се лути поради тоа што додека Аргентинецот го изведувал пеналот, фудбалерот на Тотенхем, Јан Вертонген влегол во казнениот простор, па според правилата пеналот требало да биде повторен.

Многу навивачи го покажаа своето незадоволство на социјалните мрежи поради оваа ситуација.