Навивачите на Тотенхем збеснаа: Претседателот на клубот си ја зголемил платата за 650.000 евра


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тотенхем и оваа сезона е далеку од борба за трофеи, па навивачите не се задоволни затоа што претседателот на клубот, Даниел Леви не сака да потроши пари на нови засилувања.

Леви не троши пари на засилувања, ама затоа си ја зголемил платата и тоа ги налути навивачите. Британски „Телеграф“ објави дека тој минатата година заработил 650.000 евра повеќе.

Лондонскиот гигант не планира да купи нови фудбалери, а исто така не е решена судбината на тренерот Антонио Конте, како и на дел од ѕвездите на клубот, па затоа навивачите го напаѓаат Леви, кој мора наскоро нешто да промени.