Навивачите на Тотенхем збеснаа: Зошто платите на фудбалерите не им се намалени?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Навивачите на Тотенхем не се задоволни со начинот на кој се однесува управата во финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот и прекинот на натпреварувањата.

Тие сметаат дека треба да се намалат платите на фудбалерите и дека не е фер жртвата само да ја поднесе персоналот на клубот, чии примања беа намалени за 20%.

„Тоа што предизвика бес кај нас е реакцијата на клубот, кој ги намали платите на персоналот и ја моли државата за пари, додека најплатените лица во тимот имаат исти плати“, пишува во соопштението.

Официјална одлука за намалување на плати на играчите во Премиерлигата уште не е донесена, иако такво нешто направија многу клубови ширум Европа.