Навивачите паднаа во транс поради Роналдо, но Тен Хаг го „спушти на земја“ (Фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристијано Роналдо сака да си замине од Манчестер јунајтед, иако веќе беше понуден на неколку тимови, но никој од нив не испрати понуда за Португалецот.

Португалецот испрати порака преку социјалните мрежи и кажа дека е подготвен за почеток на сезоната, откако неговиот тим денеска од 15 часот се соочува против Брајтон.

Сите очекуваа дека Роналдо ќе биде стартер на денешниот меч, но сепак така не мислеше и тренерот Ерик Тен Хаг, кој реши да го остави Португалецот на клупа.

Роналдо не беше на подготовките на клубот, па најверојатно тоа е една од причините поради кои португалскиот фудбалер не доби шанса од првата минута.