Навивачите прашуваа, па добија одговор: Што се случува со Марко Асенсио? (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Талентираниот шпански фудбалер Марко Асенсио ги повреди лигаментите на Меѓународниот Куп на шампиони во претсезоната на мечот против Арсенал.

За Асенсио тоа беше една од најтешките повреди и многумина сметаа дека сезоната за Шпанецот е завршена, но пет месеци по повредата, младиот играч полека се враќа во ритам, па почна да тренира со топка и најверојатно ќе се врати на теренот до крајот на сезоната и ќе запише некој настап.

Секако, тоа е добра вест за тренерот Зинедин Зидан, а впечатокот беше дека на Асенсио нема да може сериозно до крајот на сезоната, но видеото го покажува спротивното, па токму тој би можел да им помогне на „кралевите“ во тврдата трка со Барселона за трофејот во Ла Лига.