Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона славеше со минимални 1-0 против Хуеска во 17. коло од шпанската Ла Лига и се искачи на петто место на табелата во првенството.
Навивачите се налутија поради потегот на тренерот Роналд Куман, кој реши да му даде шанса на Мартин Брајтвајт, додека Антоан Гризман го остави на клупата за резервни фудбалери.
„Верувам на секој играч, но ако одлучам да играм со тројца во средината тогаш мора да имам тројца во нападот. Тука секако е Меси, а овој пат решив со него да игра Дембеле. За третото место морав да бидам помеѓу Антоан и Мартин. Во последните недели на Мартин му оди многу добро, но оваа одлука не значи дека не му верувам на Гризман. Има доволно натпревари за сите фудбалери“, кажа.
Гризман влезе на теренот во последните девет минути од натпреварот.