Навивачите воодушевени: Јуве најде замена за Погба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Пол Погба во ова лето најверојатно ќе ја напушти екипата на Јувентус.

Погба се наоѓа на мета на својата некогашна екипа Манчестер Јунајтед.

Наводно, трансферот е пред самиот крај, и Погба во наредните денови ќе потпише за Црвените Ѓаволи.

Јуве за овој трансфер треба да заработи преку 100 милиони евра.

Сепак, навивачите на Јувентус не се загрижени што еден од најдобрите играчи ќе го напушти овој тим.

Италијанските медиуми пренесоа денеска дека Старата дама испрати понуда за Блес Матуиди кој го гледаат како замена за Погба.

Оваа вест ги воодушеви навовачите на актуелниот шампион на Италија.

Наводно, Јуве на ПСЖ ќе плати 36 милиони евра за овој играч. Истотака, се шпекулира дека Матудиди со Старата дама ќе потпише четиригодишен договор.