Навивачките групи се обединија и ќе навиваат за Македонија, но Балистите ќе го поддржат Косово


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Македонските навивачки групи решија на состанок во Тетово да се договорат и заедно да ја поддржат Македонија на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје во мечот против Косово на 26 март.

Македонија е на добар пат да оствари пласман на Европското првенство, кое досега беше само сон за македонските фудбалери, а за тоа мора прво да го минат Косово во полуфиналето.

„По денешната средба во Тетово известуваме дека се приклучуваме на заедничката иницијатива за поддршка на историскиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија против Косово. На состанокот на кој се донесе историска одлука присуствуваа Комити, Чкембари, Лозари, Војводи, Рибари, Паткари, Гемиџии Гостивар, Фаланга, Гемиџии Велес, Ултра банда, Сејмени, Лебари, Ѓаоли…
Средбата заврши со заедничка хуманитарна акција (донирање облека) во црквата Свети Кирил и Методиј.
За Македонија единствени!“, соопштија навивачките групи.