Навреди и пцовки: Мбапе предизвика тепачка по дуелот меѓу Барселона и ПСЖ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ објави дека Килијан Мбапе предизвикал тепачка во тунелот кон соблекувалната по победата на ПСЖ против Барселона.

Мбапе не можеше да се воздржи и ги провоцираше противниците, а во еден момент во хаосот се вклучиле 60 луѓе.

„Ова е фудбал и треба да зборуваме на теренот“, викал Мбапе на цел глас пред да се случи инцидентот.

За среќа, во инцидентот нема посериозно повредени, но биле разменети навреди и пцовки меѓу фудбалерите и членовите на стручните штабови.