Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Судењето на финалето на Светското првенство е врвот на кариерата за секој фудбалски судија, а оваа можност сега му се оствари на словенечкиот судија Славко Винчиќ. Роден во Марибор, кој во последните години судеше на некои од најголемите натпревари во европскиот и светскиот фудбал, не ги криеше емоциите откако дозна дека токму тој ќе го води најважниот натпревар во светот на фудбалот.
“Кога дознав дека сум избран, прво почувствував шок, а потоа, пред сè, огромна среќа. Се тресев. Судењето на финалето на Светското првенство е неверојатна чест”, изјави Винчиќ за ФИФА.
Винчиќ нема да биде сам на големата сцена. На финалето ќе му помагаат сонародниците Томаж Клањчник и Андраж Ковачич, со што словенечкиот судиски тим го постигна најголемиот успех во историјата на тамошниот фудбал.
Покрај престижот, овој успех носи и значајна финансиска награда. Според словенечкиот весник Дело, главниот судија на финалето би требало за својата улога да заработи околу 60.000 американски долари. Винчиќ вкупно на ова Светско првенство би можел да инкасира приближно 140.000 долари, а конечната сума ќе зависи од бонусите и пресметките на ФИФА.
















