До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Претседателот на Барселона Хоан Лапорта беше непријатно изненаден од заминувањето на најголемиот клубски талент, Дро Фернандез, во ПСЖ.
„Имавме договор да го продолжиме договорот кога ќе наполни точно 18 години, но неговиот агент кажа дека се предомислил. Ова е непријатна ситуација,” рече претседателот на Блауграна.
Талентираниот офанзивен играч од среден ред според Трансфермаркт вреди десет милиони евра, а одлучи да ја активира излезната клаузула која изнесува шест милиони евра.
.🚨 Претседателот на Барселона Лапорта за Дро кој се приклучи на Парис Сен-Жермен: „Заминувањето на Дро ме изненади“.
— Фабрицио Романо (@FabrizioRomano) 26 јануари 2026
„Имавме договор да го продолжи договорот на 18 години, тогаш неговиот агент рече дека конечно се предомислил“.
„Ова е непријатна ситуација“, кажа за @ClubMitjanit. pic.twitter.com/YXrd184dc0
















