Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Aна Марија Марковиќ и Алиша Леман со години важат за најубави фудбалерки во светот, но изгледа дека добиле сериозна конкуренција од Шведска. Младата напаѓачка Алис Карин Сондергард привлече огромен број следбеници и вниманието на светската јавност – многумина веќе ја нарекуваат најубавата фудбалерка на денешницата.
Aлис е родена на 22 мај 2003 година и се смета за една од најперспективните млади шведски фудбалерки на нејзината генерација. Потекнува од спортско семејство: нејзиниот татко, Јоаким Сондергард, е поранешен професионален фудбалер, па изборот на кариера ѝ беше природен.На социјалните мрежи редовно споделува содржини поврзани со фудбал, тренинзи и секојдневен живот, но токму најновото видео, во кое се појавува во елегантна комбинација и покажува завидна фигура, предизвика огромна реакција. Коментарите на следбениците ја преплавија интернетот, а многумина тврдат дека Марковиќ и Леман „добија сериозна ривалка“.
Aлис извесно време престојувала и во Соединетите Американски Држави, каде што студирала и била дел од универзитетската фудбалска програма, но поради повреда не запишала официјални настапи. По враќањето продолжила да ја гради кариерата, како на теренот, така и надвор од него.
Во моментот е член на Џенова, а зошто ја сметаат за најубава фудбалерка погледнете преку фотографиите подолу:
















