НБА ги објави учесниците во забивање и шутирање на тројки


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


НБА лигата го објави конечниот список на учесници за натпреварот за забивање на Ол Стар викендот.

Таму ќе видиме неколку познати имиња, а само едно од четирите е за прв пат во конкуренција, а тоа е кошаркарот на Милвоки Бакс, Пат Конантон.

Покрај него, ќе го гледаме центарот на ЛА Лејкерс, Двајт Хауард, а има уште два фантастични забивачи Арон Гордон (Меџик) и Дерик Џонс (Хит).

Познати се и учесници во натпреварот на шутирање тројки и вештини.

Во шутирање тројки пријавени се:

Дејвис Бертранс (Визардс), Девонте Греам (Хорнетс), Џо Харис (Нетс), Бади Хилд (Кингс), Зак Лавињ (Булс), Демиен Лилард (Трејл Блејзерс), Данкан Робинсон (Хит), Треј Јанг (Хокс).

Во вештини ќе се обидат:

Бам Адебајо (Хит), Патрик Беверли (Клиперс), Спенсер Динвиди (Нетс), Крис Мидлтон (Бакс), Дерик Роуз (Пистонс); Домантас Сабонис (Пејсерси), Паскал Сијакам (Рапторс), Џејсон Татум (Селтикс).

„Ол стар“ викендот на програмата е 16 февруари во Чикаго.