НБА го одложи Олстар натпреварот во 2021 година!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


НБА-лигата потврди дека планираниот Олстар викенд во Индијанаполис, кој е планиран од 12 до 14 февруари 2021 година ќе се откаже поради ситуацијата со вирусот.

Индијана пејсерс, кои требаше да бидат домаќини на натпреварувањето на најдобрите кошаркари во светот наместо во 2021 година, ќе бидат домаќини во 2024 година.

Следниот Олстар натпревар ќе се одржи во Кливленд во 2022 година, а една година подоцна домаќин ќе биде Салт Лејк сити.

Новата сезона во најсилната кошаркарска лига во светот ќе почне на 22 декември.