НБА-кошаркар со потресна изјава: Бев си*уван од страна на роднина…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бекот на Сан Антонио спарс, Лони Вокер ја скрати косата и откри на Инстаграм дека тоа го направил за да се чувствува слободен од болните сеќавања од минатото.

Американскиот кошаркар прво зборуваше поради што и како почнал да ја пушта косата. Бил во основно училиште кога доживеал семејно насилство.

„Вистината е тоа што почнав рано да ја пуштам косата, уште во петто одделение, тоа беше мој начин да се сокријам. Во текот на летото бев со луѓе од своето пошироко семејство. Тоа лето бев се*суално злоупотребен, си*уван и малтретиран“, открива Вокер.

Во текот на изолацијата поради вирусот тој се соочил со демоните од минатото, па сега решил конечно да погледне кон иднината.