Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шекил О’Нил и Чарлс Баркли, легендите од НБА-лигата застанаа во одбрана на српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој силно го турна Маркиф Морис на мечот меѓу Денвер нагетс и Мајами хит.
Шек откри дека му се допаѓал потегот на Србинот и дека неправедно е тоа што само тој е казнет со суспензија.
„Ова е одмазда. Немој да вртите грб и да се правите луди по удар. Кога сте центар и некој од пониските играчи ќе ве удри, мора да реагирате. Лично, немам проблем со потегот на Јокиќ“, вели Шек.
Баркли кажа дека Јокиќ реагирал правилно и дека не требало да остане мирен по ударот од страна на Морис.