НБА-лигата ги суспендираше Леброн Џејмс и човекот кој сакаше да го претепа!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вчера се случи голем инцидент, кој можеше да премине во масовна тепачка меѓу кошаркарите на Детроит пистонс и Лос Анџелес Лејкерс, но за среќа обезбедувањето го спречи тоа.

Центарот на Детроит, Ајзеа Стјуарт доби суспензија од два натпревари, додека кошаркарот на Лејкерс, Леброн Џејмс е казнет со еден меч поради неспортско однесување.

Дуелот меѓу двете екипи ја одбележа жестоката пресметка меѓу Џејмс и Стјуарт во третата четвртина, кога „кралот“ го удри противникот во лице и го раскрвари.

Неколку луѓе се обидуваа да го смират Стјуарт за да не се пресмета со ѕвездата на Лејкерс, а на крајот двајцата беа исклучени.