НБА-лигата ја менува топката по речиси четири децении


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од сезоната 2021/22 под НБА-обрачите нема повеќе да се игра со „Спалдинг“. Тие го прекинаа партнерството кое трае речиси 40 години и од таа сезона ќе имаат нов спонзор.

Од пвиот ден на сезоната 2021/22, која ќе биде 75. во најсилната кошаркарска лига во светот, по обрачите ќе се игра со друга топка, односно спонзор ќе биде „Вилсон“.

„Вилсон“ произведува официјални топки за развојната лига, НБА 2к лигата, ВНБА и африканската кошаркарска лига.

НБА и „Спалдинг“ решија спогодбено да се разделат, а „Вилсон“, кој беше спонзор до 1983 година, повторно се враќа на тоа место.