НБА-лигата ќе воведе плеј-ин турнир по регуларниот дел од сезоната!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Газдите на тимовите од НБА-лигата потврдија дека се договориле за воведување на плеј-ин турнир по крајот на регуларниот дел од сезоната во најсилната кошаркарска лига.

Новиот формат на натпреварување, кој беше тестиран во претходните две сезони, им дава можност на тимовите кои ќе завршат меѓу седмото и 10. место во своите конференции да се борат за две места во плејофот.

Во сезоната 2022/23 плејин-турнирот ќе почне на 11 април и ќе трае до 14, соопшти НБА-лигата.