Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
НБА објави дека во сезоната 2020/21, која ќе почне на 22 декември, ќе продолжи со тестирање на забранети супстанции, но не и на марихуана.
Нешто слично се случи минатата сезона, која заврши во орландо во контролирани услови, односно во „балонот“, поради пандемијата на вирусот.
Претходно, откако сезоната беше прекината поради пандемијата, во НБА немаше допинг-тестови, додека сезоната не продолжи.
На марихуана нема да се прават тестови, откако во американскиот дом на Конгресот беше поднесена иницијатива за легализација на марихуаната во САД.
НБА-кошаркарите ретко беа суспендирани поради марихуаната во последно време. Суспензија од пет меча следеше дури по третиот позитивен тест.
Титулата во најсилната кошаркарска лига во светот ќе ја бранат Леброн Џејмс и Ентони Дејвис со нивните соиграчи во Лос Анџелес Лејкерс.