Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ е трикратен МВП во НБА лигата и моментално е втор во трката за најкорисен играч, при што главен конкурент му е Шеј Гилџес-Александер.
Јокиќ оваа сезона има просек од 29,9 поени, 10,1 асистенција и 13,1 скок и има 56% прецизност од игра, 81% од линијата за слободни фрлања, а за три поени шутира со 47%.
Во текот на подкастот “Ticket & The Truth”, водителите Кевин Гарнет и Пол Пирс почнаа разговор за Јокиќ и за кого им потсетува. Гарнет вели дека НБА не сака Јокиќ да биде главна ѕвезда на лигата.
„Знам дека НБА лигата не сака Јокиќ да биде главно лице на лигата. Мислам дека сакаат Виктор Вембањама да биде лице на лигата. Џа Морант исто така, кај мене во крајот сите велат дека е тој. Гледам децата, сакаат да бидат Џа Морант, сакаат да бидат Ентони Едвардс…“, вели Гарнет.