Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Адам Силвер, комесарот на НБА-лигата, ги разочара навивачите затоа што кажа дека не е време да се промени логото на најсилната кошаркарска лига во светот.
Навивачите побараа преку социјалните мрежи да се промени логото на НБА во чест на починатиот легендарен кошаркар Коби Брајант.
„Во НБА во овој момент не се зборува за можна промена на логото. Навистина ја ценам иницијативата, но логото кое го имаме е исто така иконско и е во чест на Џери Вест. На Коби исто така мужоддадовме почит со преименувањето на МВП наградата на „Ол-Стар“ натпреварот“, кажа комесарот на најсилната кошаркарска лига во светот.