НБА отвори истрага поради Далас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


НБА-лигата соопшти дека ќе ја истражи одлуката на Далас маверикс да ги одмори своите ѕвезди во поразот од Чикаго булс со 112-115.

Далас со поразот од Чикаго ги загуби шансите за пласман на плејофот во НБА-лигата.

„НБА почна истрага за фактите и условите на одлуката на Далас за изборот на кошаркари на мечот со Чикаго и мотивацијата зад тие одлуки“, кажа портпаролот на НБА-лигата, Мајк Бас.

Тренерот на екипата од Тексас, Џејсон Кид кажа дека станува збор за „одлука на организацијата“ и посочи дека одлуката ја донел газдата Марк Кјубан.