НБА подготвува револуција, а во главна улога е Лука Дончиќ!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


НБА и ФИБА ги приводат кон крај преговорите за формирање нова елитна лига на Стариот континент, а според најновите најави, спектакуларниот проект НБА Европа треба да започне веќе во октомври 2027 година.

Ова го потврди комесарот на НБА лигата Марк Тејтум, кој откри дека целиот проект е во завршната фаза и дека останале само неколку чекори до конечната реализација.

„Остваривме огромен напредок во создавањето на новата лига во Европа и се наоѓаме во завршната фаза пред планираното лансирање во октомври 2027 година,” порача Тејтум.

Според планот на НБА и ФИБА, новото натпреварување ќе брои 16 клуба. Некои екипи ќе имаат загарантирано место во лигата, додека останатите учесници ќе влегуваат преку систем на спортски резултати и квалификации.

НБА веќе неколку месеци се обидува да постигне заеднички јазик со водечкото европско натпреварување, но договорот сè уште не е постигнат. Тејтум потврди дека во наредните недели ќе се одржи нов состанок со челниците на Евролигата, но истовремено испрати и јасна порака.

“Ако не успееме да постигнеме заеднички јазик, подготвени сме да продолжиме со нашите партнери, инвеститори и ФИБА.”