Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Австралискиот кошаркар Бен Симонс реши да го прекине договорот и да ја напушти Филаделфија, а никаква закана, ниту казна нема да ја променат неговата одлука.
Симонс го прекинал контактот со сите во тимот, па одбил да тренира, да се јавува на телефон, а подготвен е да плати и 1,3 милиони долари за казна поради неговото однесување!
Кошаркарот од доаѓањето во НБА-лигата играше како плејмејкер, иако многумина го критикуваат поради лошиот шут од далечина.
Сепак, важи за еден од најдобрите дефанзивци на таа позиција, па сега се гласни шпекулациите дека може да се пресели во редовите на Минесота тимбервулвс.