Нејмар: Реал Мадрид ми понуди „бланко чек“


Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар во еден подкаст зборуваше за некои многу интересни детали од својата кариера, за кои јавноста досега не беше информирана.

Откри дека можел да потпише за Реал Мадрид, пред да ја прифати понудата на Барселона, клуб со кој подоцна стана легенда.

Понудата на Реал беше бланко чек. Ми рекоа дека можам да имам што и да посакам, но јас целосно со срце сакав да одам во Барселона. Во Реал ќе заработев три пати повеќе. Флорентино Перез секогаш ме сакаше. Но, Роналдињо играше во Барса, а јас сакав да играм со Меси“, изјави Нејмар.