Нејмар се враќа во Европа со спектакуларен трансфер?


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Некогашната ѕвезда на Барселона и Пари Сен Жермен, Бразилецот Нејмар повторно се најде во центарот на трансферските приказни, и тоа оние кои мирисаат на големо враќање на европската сцена. Британските медиуми последниве денови шпекулираат дека Манчестер Јунајтед би можел да тргне по 33-годишниот мајстор, што би било едно од најгласните имиња на пазарот пред следниот преоден рок.

Сепак, клучното прашање е дали е Нејмар физички подготвен за Премиер лигата, по низа тешки повреди кои му ја обележаа последната сезона од кариерата. За време на неговиот престој во Ал Хилал одигра само неколку натпревари, бидејќи повредата на предните вкрстени лигаменти и долгата рехабилитација практично го оддалечија од теренот. Саудискиот клуб на почетокот на 2025. година го раскина договорот со него, по што бразилецот се врати дома.

Нејмар моментално го носи дресот на Сантос, клубот во кој ја започна кариерата, а со кој летово го продолжи договорот до декември 2025 година, што значи дека евентуалното заминување во Европа би било реално дури од јануари 2026, ако двете страни не се договорат поинаку.

Мотиви очигледно не му недостасуваат, во домашното првенство игра со болки и се обидува да му помогне на Сантос во борбата за стабилно пласман, додека паралелно сака да ја врати својата врвна форма пред Светското првенство. Тој е најдобриот стрелец во историјата на бразилската репрезентација со 79 голови на 128 натпревари, што доволно говори каков маркетиншки и спортски адут би бил за било кој клуб.