Не беше доволна грешката против Тотнем: Ливерпул може да заработи дополнителна казна!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот англиски шампион Ливерпул со право е незадоволен по мечот против Тотнем (1-2), кој го загуби со автоголот на Жоел Матип во 96. минута.

Ливерпул го заврши натпреварот со девет фудбалери, откако двајца добија црвени картони, а исто така судиите не му признаа чист гол на гигантот од „Енфилд“.

Екипата на Јирген Клоп би можела да добие нова казна од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) поради коментар на Алексис Мекалистер.

„Овој тим има одличен дух и големо срце“, напиша Ромеро по што Мекалистер му реагираше дека тоа е нормално кога играат со 12 играчи на теренот.