Не чекавме долго, Мендеш му доведува засилување на Мурињо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Досега главната улога во преодниот рок на Јунајтед ја имаше Мино Раиола. Но, знаете и сами каде е Мурињо таму се и играчите на Жорж Мендеш.

Мурињо често го критикуваат дека купува фудбалери на Мендеш, најмоќниот агент во светот. Порано му ги имаше доведено Кварезма, Ди Марија и Фалкао во Челси.

Сега Мурињо соработуваше со Раиола, Миктаријан и Ибра завршија кај ѓаволите, а главната премија би требало да биде Погба.

Сепак, изгледа дека и ова лето нема да помине без фудбалерите на Мендеш.

Посебниот бара десен бек, не е задоволен од Дармиан и изборот падна на Фабињо, одличниот Бразилец од Монако. Неговата цена е помеѓу 25 и 30 милиони евра.

Фабињо има 22 години, пред четири години како дете стигна во резервниот тим на Реал. Дебитуваше во 2013-та година, но Реал го испрати во Монако кој го откупи неговиот договор.