Не доби многу шанса во Јувентус, па сега ќе го засили Ливерпул (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп долго време бараше ново засилување во средниот ред и конечно ќе го добие во последниот ден од преодниот рок.

Ливерпул ќе го ангажира Артур Мело, кој доаѓа од Јувентус, каде што немаше голема минутажа, а сезонава беше отпишан од тренерот Масимилијано Алегри.

Клоп смета дека Артур може да ја пополни дупката во средниот ред, а фудбалерот е веќе на пат кон Ливерпул и денеска треба да го комплетира трансферот.

Артур претходно играше и за екипите на Барселона и Гремио.