Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот фудбалер Елиф Елмас се подготвува заедно со останатите репрезентативци за Европското првенство (ЕП) на кое ќе дебитира Македонија на 13 јуни против Австрија.
Елмас засега има неизвесна иднина во Наполи затоа што тимот доби нов тренер, Лучано Спалети, кој наскоро ќе реши дали ќе смета на македонскиот репрезентативец.
Македонскиот фудбалер привлекува интерес од многу тимови, па неговиот менаџер Џорџ Харди откри за медиумите дека повеќе тимови покажале интерес.
„Елмас дојде во Наполи за да игра во Лига на шампиони. Тој е разочаран со начинот на кој заврши сезоната, па фокусиран е сега на Европското првенство. Бенфика не е единствена екипа која го сака неговиот потпис, па затоа Наполи треба да каже какви се плановите на новиот тренер“, кажа Харди.