Не е само Јовиќ, Барселона во Лисабон гледаше уште еден Србин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дали Каталонците ќе направат српски тандем?

Напаѓачот на Франкфурт се наоѓа во центарот на вниманието низ цела Европа.

И после се, тој не доби шанса во дресот на Србија на натпреварот против Португалија, на кој „Орлите“ и без неговата помош успеаја да изедначат.

Мундо Депортиво пренесува дека набљудувачи на Барселона биле на стадионот во Лисабон, но не само за Јовиќ туку и за Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Фудбалерот на Лацио играше само неколку минути, па затоа функционерите на Барса сигурно не можеа да видат повеќе од везистот.

Сергеј, моментално е во опадната форма, но и после се, тој е стандарден и незаменлив член на екипата предводена од Симоне Инзаги.

Минатото лето за неговиот потпис се бореа уште неколку европски клубови, наводно Милан беше најблиску до тоа, но римскиот клуб бараше голема компензација.