Не е само Нејмар, сега цел тим на ПСЖ му упати провокација на Халанд (Фото)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Нејмар беше еден од клучните играчи на вечерашниот натпревар  во кој неговиот ПСЖ со 2:0 славеше против Борусија Дортмунд и се пласира во следната фаза.

Нејмар го постигна првиот погодок, а притоа ја копираше прославата на Ерлинг Халанд и упати провокација до играчот.

По крајот на натпреварот, целиот тим на ПСЖ ја ископира прославата на младиот напаѓач на Борусија Дортмунд кој очигледно со неговиот коментар пред натпреварот го навлече гневот на фудбалерите на францускиот клуб.