Не им чинеше на „граѓаните“, па го испратија во Фламенго, но сега ќе игра за – Арсенал


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Арсенал денеска го претстави новото засилување. Нов фудбалер на „топчиите“ стана Пабло Мари, кој во редовите на лондонскиот клуб пристигнува од бразилски Фламенго.

Мари до крајот на сезоната ќе биде позајмен на екипата на арсенал, а останува да видиме дали ќе остане во клубот и следната сезона.

Мари, пред да потпише за Фламенго, настапуваше за Гимнастик, Жирона, НАЦ Бреда и Депортиво, а од 2016 година имаше договор и со Манчестер сити.

„Граѓаните“ минатата година го продадоа на Фламенго за 1,7 милиони евра, а само од позајмицата бразилскиот тим ќе добие пет милиони евра.