„Не им верувам на фудбалерите, мораат да дојдат и да тренираат, но нека се бањаат дома!“


Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓


Контроверзниот сопственик на гигант од Романија, Џиџи Бецали сака фудбалерите од својот тим да ги види на тренинг што е можно побрзо.

Како и секаде во светот, во Романија првенството е запрено поради пандемијата на Ковид-19, а играчите престојуваат во карантин.

Газдата и покрај тоа нареди да се вратат фудбалерите во тренинг-центарот и им подготви посебни упатства за нивното здравје.

„Не им верувам на моите фудбалери. Мора да тренираат во клупските простори. Ќе има секој посебен простор за себе. Сериозно го разбираме коронавирусот, но теренот е доволно голем за сите да тренираат. Може да ги прават вежбите, но ќе се бањаат дома“, порача тој.