„Не ме интересира што се зборува, ние не го контролираме ВАР-системот“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Рафаел Варан кажа дека приказните за судиска помош воопшто не влијаат на тимот, кој е фокусиран на освојување на титулата.

„Кралевите“ во петокот го совладаа Алавес со 2-0. Реал поведе во 11. минута од пенал, а конечниот резултат го постави Асенсио во 50. минута.

Нов пенал беше досуден за Реал и тоа повторно почна приказни дека технологијата им помага на „кралевите“.

„Тоа не влијае на нас. Не ме интересираат такви приказни. Фокусирани сме на освојување на трофејот и на тоа што се случува на теренот“, кажа Варан.

Реал на три кола пред крајот на првенството има четири бодови повеќе од второпласираната Барселона.