„Не можам да го сфатам Игуаин“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Разочарување поради одлуката на Гонзало Игуаин за Наполи да го замени со Јувентус не криеше ни Диего Марадона.

„Малиот зелен“ не пропушта шанса да ги искоментира и приликите во италијанскиот фудбал каде посебно „цели“ во Јувентус, а фактот дека во наредниот период за торинскиот клуб ќе настапува Гонзало Игуаин посебно го возбуди.

„Игуаин е продаден за максимална дена, но од фудбалска перспектива никогаш нема да ја повтори минатата сезона.

Начинот на кој замина е погрешен затоа што тоа го имаше во Наполи, нема да го има никаде.
Не ми се допаѓа што одработи лекарски прегледи во тајност, навивачите на Наполи тоа не го заслужуваат“, рече Марадона и потоа додаде:

„Наполитанците го мразат Јувентус и затоа не можат да ја сфатат неговата одлука.

Очекувам дека претседателот на клубот ќе ги искористи тие 90 милиони евра за остварување на победнички Наполи“, за крај рече Марадона кој инаку е легенда на тимот од Неапол.