Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски минатата недела е прогласен за најдобар фудбалер во светот во избор на ФИФА за 2020 година.
Левандовски со Баерн Минхен освои што можеше во сезоната и заслужено ја доби наградата на крајот во избор на ФИФА.
Полјакот по доделување на наградата зборуваше за Кристијано Роналдо и Лионел Меси и порача дека никој не може да се спореди со нив.
„Меси и Роналдо седат на истата маса на врвен фудбал веќе долго време и поради тоа со нив никој не може да се спореди. Сега не можам да замислам на таа маса со нив, но мислам дека можам да ги повикам да дојдат да седнат на моја маса“, кажа напаѓачот на Баерн Минхен.