„Не можам да спијам редовно, сакам да изгледам добро, но немам сила“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот шпански голман Икер Касиљас во претходните две години помина низ вистински пекол, откако доби срцев удар, а потоа се раздели и со сопругата Сара Карбонеро.

Касиљас помина низ тешка фаза на рехабилитација по срцевиот удар, кој го доживеа на тренинг на Порто и поради кој мораше да ја заврши професионалната кариера.

Потоа во март минатата година доби нов удар, кога неговата сопруга реши да се разделат по 11 години заеднички живот.

„Не спијам редовно. Сакам да изгледам добро, но немам сила. Слушам стари песни, не можам да сонувам“, вели Касиљас.

Познатиот чувар на мрежата на голот на Реал беше на 725 меча, а има  167 настапи на голот на Шпанија.