Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Барселона го понижи Реал Мадрид во „Ел Класико“ со 4-0, а два гола постигна искусниот напаѓач Пјер Емерик Обамејанг.
Фудбалерот од Габон досега постигна девет голови за Барселона, а новинарот Пирс Морган го критикуваше тренерот на Арсенал, Микел Артета.
„Уште еден одличен натпревар за Обамејанг. Од преселбата во Барселона тој е најубиствениот голгетер во светот, со секој постигнат гол ја прави одлуката на Арсенал да го пушти уште повеќе апсурдна. Работа на тренерот е да менаџира со големите таленти и да го извади најдоброто нив. Уживам во она што го прави Обамејанг во дресот на Барселона, но и сум бесен и не ми се верува како Арсенал толку лесно се откажа од напаѓач од светска класа“, вели Морган.