Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мирјам Потербин, мајката на ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ даде интервју за американска телевизија. Словенецот е популарен во САД, па новинарите ги интересираат сите детали за него.
Мирјам откри дека имала еден интересен услов за Лука за да добие слободно време за кошарка.
„Му кажав дека може да оди на тренинг, ако ја исчисти својата соба. И тој го правеше тоа. Тешко ми беше кога замина во Шпанија. Не можам да го опишам тоа. Плачев. Бев таму секој викенд. Пред да замине во Шпанија му кажав дека има време, но тој ми кажа: Мамо, мора да пробаме“, поткрива таа.
Повеќе за тоа може да погледнете во целото интервју кое се наоѓа во продолжение на видеото.