Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот Диего Армандо Марадона не можеше повеќе да издржи и за неговиот 60. роденден реши да присуствува на мечот меѓу Химназија Ла Плата и Патронато (3-0).
Марадона заврши во самоизолација поради контакт со заразено лице, но не ги послуша докторите и дојде на стадион.
Поранешната ѕвезда се движеше со помош на двајцата телохранители, а делуваше многу исцрпено, како што пишуваат аргентинските медиуми. Тој гледаше неколку минути од натпреварот, по што си замина.
Иако на стадионот немаше гледачи, преку звучник се јави традиционалното „Оле, оле, оле, Диего, Диего“ со огномет во близина на стадионот.
Maradona fête ses 60 ans et assiste à la victoire de son équipe du Gimnasia de La Plata (vidéos et photos) https://t.co/yH3O8uW003
— 123 INFO BELGIQUE (@123_INFO_BE) October 31, 2020