Не можеше да издржи во Реал и сакаше да замине, а сега стана херој на „кралевите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Украинскиот голман Андреј Лунин на почетокот на сезоната не можеше да сонува дека ќе игра полуфинале во Лигата на шампиони (ЛШ) со Реал Мадрид.

Човекот кој ги запре ударите на Матео Ковачиќ и Бернардо Силва беше на праг да замине од Мадрид поради тоа што беше планиран за трет голман, зад Кепа Аризбалага и Тибо Куртоа.

Лунин, сепак, го преживеа тешкиот период и го презема местото меѓу стативите по што воодушеви со неговите интервенции, а синоќа стана херој на „кралевите“.

„Во моментов сум најсреќен човек во светот. Напорната работа се исплати. Среќен сум што му помогнав на Реал и сакам да се заблагодарам за поддршката“, кажа Лунин.